Мвумби има нов клуб

Готје Мвумби или Емвумби како што воглавно го изговараат коментаторите денеска се пофали дека потпишал за нов клуб. 


Пивотот на Конго кој со светска слава се стекна поради својот изглед и прекумерна тежина за време на СП Египет 2021 не успеа премногу добро да се продаде, иако веројатно нема клуб што не слушнал за него. 

Конгоанскиот пивот кој живее во Франција, потпиша за екипа од Н2 Дивизијата.  ETeC е името на неговиот нов тим (Entente Territoire Charente HB), по ранг тоа е трета француска лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk