Што не чека после Исланд?

Кадетската репрезентација на Македонија вечерва игра со Исланд на последниот меч од Главната рунда. Што не чека по овој меч?


Ако Македонија вечерва го совлада тимот на Исланд во 1/4 финалето ќе се сретне со тимот на Холандија или Романија. Корејките денеска ја совладаа Холандија и го освоија првото место во групата. 
Второто место е отворено, Холандија има три бода, но доколку Романија ја совлада Германија и Романките ќе имаат три бода. Но, за Романија да се пласира во следната фаза ќе и треба победа над Германија од најмалку 6 гола разлика. 

Ако Македонија одигра нерешено или се пласира во 1/4 финалето како второпласирана, тогаш во 1/4 финалето ќе се сретнеме со селекцијата на Кореја. 



Ако Македонија не успее да се пласира во 1/4 финалето, тогаш ќе разигрува со третопласираните репрезентации за пласман од 9-12 место. 
Прв противник би бил тимот што ќе се пласира на третото место во Групата 3, а тоа ќе биде репрезентацијата на Романија или Холандија. 
Потоа во зависност од исходот на тој натпревар, ќе играме со победникот или поразениот од дуелот меѓу Норвешка и Хрватска/Португалија. 

ОБНОВЕНО: По комплетирањето на третото коло и поразот на Романија од Германија се формираше табела според која Македонија ако денеска победи и биде прва во групата во 1/4 финалето ќе игра со Холандија. 
Ако одиграме нерешено и се пласираме во 1/4 финалето како второпласирани - ќе играме со Кореја. 
Ако не успееме да се пласираме во 1/4 финалето, прв противник во разигрувањето за 9-12 место ќе ни биде Германија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk