Двајца против сите - нова унгарска формула за успех

Црна Гора е домаќин на М18 Ехе Еуро. Веќе се одигра едно коло и веќе имаме интересни бројки што би ги споделиле со ракометните фанови. 



Унгарија ја совлада Германија во првото коло (35-32), а 27 од 35-те гола за Унгарија ги постигнаа само двајца ракометари. 
Тамаш Ковач постигна 15 гола од 21 шут, а Криштов Чорго постина 12 гола од 19 обиди. 
Другите 14 играчи на Унгарија шутнаа вкупно 17 пати, а притоа постигнаа осум гола, а и меѓу нив Роланд Терјек постигна пет. 

Ништо поразлично, дури и подрастично беше во тимот на Фарски Острови. Тие играа и загубија од Шведска (29-32). Таму, пак, ракометарот Оти Митун попстигна 17 гола. Остатокот од тимот шутна вкупно 18 пати. Митун имаше реализација од 77 % и тие 17 гола ги постигна од 22 шута. 

Слично беше и на мечот Италија - Хрватска (31-35) каде што Томасо Де Ангелис постигна 14 гола од 18 обиди за италијанскиот тим. 


 

Поврзани вести