Најважниот меч во кратките кариери

Немаат ниту 18 години, а веќе играат натпревари на „кариерата“. Кадетската репрезентација на Македонија денеска ќе се сретне со Исланд, во меч што може да биде историски. 



Пласман меѓу најдобрите осум во светот или пласман од 9 до 12 место? Тоа е влогот на денешната средба меѓу репрезентациите на Македонија и Исланд. Влогот за нашиот тим, Исланд е веќе пласиран во 1/4 финалето и денеска може да игра само за инает, престиж, фер-плеј итн. 

Дали е ова најважниот меч во кратките кариери на младите ракометарки? Секако дека е. Овој и секој следен на Светското првенство во Скопје. 

Ако Македонија победи или мечот заврши нерешено, тогаш ќе бидеме пласирани во 1/4 финалето на СП. Со пораз ќе пресметуваме гол разлика со Шведска, но тогаш најверојатно Швеѓанките би прошле во следната фаза. 

Натпреварот почнува во 20:30 часот влезот во салата е бесплатен, а тв пренос ќе има на МТВ3.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk