Што и одговара, а што не на Македонија на СП?

Кадетската репрезентација на Македонија е блиску до пласман во 1/4 финалето на Светското првенство, но пласманот не е обезбеден. 
Каков епилог од утрешното коло и одговара на Македонија за пласман во 1/4 финалето и ако успееме со кого ќе вкрстиме во елиминациите?
Прочитајте: 



Од групата во која се Македонија, Исланд, Шведска и Иран, екипата на Исланд веќе е пласирана во 1/4 финалето и за нив последниот меч, дуелот со Македонија нема резултатско значење. Тоа е добро за македонскиот тим, затоа што средбата што за нив нема резултатско значење, за нас е се или ништо. 
Иран е веќе елиминиран и ќе игра за пласман од 12-16 место. 

За последното место во 1/4 финалето конкурираат Македонија и Шведска. Со оглед на тоа дека меѓусебниот дуел заврши нерешено, на крајот на групната фаза, ако Македонија и Шведска имаат ист број на бодови, тогаш ќе решава подобрата гол разлика во оваа група. 
Во тоа сценарио, Македонија треба да изгуби од Исланд, а Шведска да го совлада Иран. Но и тогаш.
Македонија во моментов има гол разлика +12, а Шведска -5.
Постои сценарио со кое и со пораз Македонија би се пласирала во 1/4 финале. Тоа секако ќе го знаат кога ќе истрчаат на терен. 

„Посакувавме победа, но задоволни сме и со нерешен резултат“, изјави Томас Акснер селекторот на Шведска по ремито со Македонија. „Вака, ако Исланд ја добие Македонија, ние со победа од 15-тина гола разлика над Иран би се пласирале во 1/4 финалето“. 

Ако Македонија одигра нерешено со Исланд, тогаш ќе се пласира во 1/4 финалето. Со победа, ќе се пласира во 1/4 финалето, но ќе биде и првопласирана во групата и за противник ќе го добие второпласираниот од групата „3“ што во моментов се игра. 
Нема да промени многу дали ќе играме со првиот или вториот, затоа што вкрстуваме со групата во која играат репрезентациите на Холандија, Кореја, Романија и Германија. 
Во моментов, таму, пред денешните пресметки, Кореја има два бода, Романија и Холандија по еден, а Германија е без бодови. 

Македонија и Исланд ќе играат утре во „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30. Претходно ќе играат Шведска и Иран, па во моментот кога ќе излезат на терен македонските ракометарки, ќе знаат точно каков резултат ќе им биде потребен на овој натпревар за пласман во 1/4 финалето. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk