Сервас: Загреб е опција број еден за Додиќ

Стефан Додиќ, ракометарот кој изникна во „Автокоманда“, а потоа преку Вардар виа Охрид потпиша за Келце, сезонава нема да настапи за полскиот клуб. 



Дел од трансфер филозофијата на Индистрија Ломжа Келце предвидува купување на млади играчи за кои смета дека се перспективни и потоа ги позајмува во други екипи на калење, за потоа како финален производ или да ги врати во својот клуб или да ги ослободи од обврските. 

Летово тоа беше особено изразено, а еден од играчите што оди на позјамица е и Стефан Додиќ, ракометарот што изникна во Металург, а потоа се пресели во Охрид, па во Вардар пред да замине за Полска. 

Дека Стефан Додиќ ќе оди на позајмица беше јавно кажано уште кога потпиша, но откако стана МВП на ЕХФ ЕУРО и се врати дома со бронзен медал, се појави и можност да остане во Келце. 
Нема да биде така, нема да игра годинава за Келце. Бертус Сервас, претседателот на клубот за „Спортове Факти“ изјавил дека Стефан Додиќ сигурно заминува на позајмица. Вардар кој на почетокот беше најсериозна дестинација веќе не е во игра затоа што нема да игра во Европа. 
„Имаме една сериозна опција. Тоа е Загреб. Ако таа опција пропадне, одново ќе се вратиме назад на темата каде би можел да оди“, изјави Сервас за полскиот медиум. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk