ТРАНСФЕРИ: Веспрем таргетираше руски бек

Сергеј Марк Косоротов (23), најголемиот потенцијал во рускиот машки ракомет во моментов, е пред преселба во Унгарија.


Полските медиуми откриваат дека Сергеј Марк Косоротов, бекот што во 2021 од Чеховски медведи премина во Висла Плоцк, по завршувањето на договорот со полскиот клуб ќе се пресели во унгарскиот Веспрем. 

Мате Лекаи, легендата на Веспрем заминува од клубот и веројатно ќе се пресели во Ференцварош. Тоа е шпекулација. Според информацијата до која дојдовме, од семејни причини Лекаи ќе остане да игра во Унгарија. 

И третата трансфер вест е поврзана со Веспрем. Блаж Благотиншек, словенечкиот пивот кој во 2023 година треба да пристигне во Флензбург со тригодишен договор како замена за Симон Халд ќе мора да бара клуб во кој ќе го дочека трансферот во Германија. 
Неофицијалните информации велат дека Веспрем нема да смета на Словенецот претстојнава сезона. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk