Познати термините за турнирот во Струга

Организаторите на јубилејното 50 издание на турнирот во Струга ги објавија и термините во кои ќе се играат натпреварите на турнирот. 



Честа први да истрчаат на легендарното игралиште на Женската плажа наречено „Горан Попоски - Бабец“  ќе ја имаат екипите на Струга и Еурофарм Пелистер.
Веднаш по нив на терен ќе го видиме и Вардар и тоа на дуел со новиот македонски проект Алкалоид. 

По ова следи свеченото отворање на турнирот за кое е предвидена посебна програма со која ќе биде одбележан јубилејот, по што на последниот меч на првиот ден ќе ги и видиме и Бутел Скопје на дуел со Целје Пивоварна Лашко. 




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk