Белорусинот (конечно) си оди од Келце

Белорускиот бек Владислав Кулеш заминува од Келце. Следејќи го новиот тренд, на својот Инстаграм профил напиша емотивна порака со која се поздрави со клубот, соиграчите и навивачите. 



Претседателот на полскиот клуб Келце одамна, речиси цела сезона низ своите интервјуа најавуваше дека тие нема да сметаат на Владислав Кулеш по завршувањето на сезоната со која тој комплетираше четири години минати во полскиот состав. 

Белорусинот а тоа може да стане репер за многу играчи, не се обесхрабри. Лошата вест, ја претвори во шанса за себе. Одигра одлична сезона, дури и по стандардите на Келце кој стигна до финалето на ЛШ каде загуби на пенали. Оттука и се јави сомнеж дека Сервас и пред се Талант Душебаев можеби ќе се предомислат, особено затоа што се стишаа најавите за неговото заминување. 

Но, возот веќе одамна беше тргнат од станицата, Келце изнакупи играчи, па сега најголемата мака му е кого да задржи, а кого каде да позајми. 

Така беше се до вчера, кога Кулеш го официјализираше своето заминување, но  Белорусинот веќе има нов клуб. 
Бертус Сервас го обелодени моментот дека се е договорено, но и тоа дека тој нема да оди во клуб од европскиот врв. Договорот на Кулеш од Келце го откупил клуб што не е во тоа друштво.
Кој е - Келце не смееше да открие, новиот клуб сака по свое да биде официјално промовиран.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk