Савевски: Ваква игра не смее да ни се повтори

Македонската репрезентација го совлада Узбекистан (39-30) и се пласираше во главната рунда на првенството. 
Но, во најголемиот дел од првото полувреме во водство беше противникот, а Македонија успеа дури во финишот да направи пресврт. Со оглед на реномето на Узбекистан и квалитетот на противниците што се пред нас, селекторот со право беше незадоволен и критикуваше.



Денеска нашата екипа не беше фокусирана и не одигравме ништо во првиот дел. Индивидуално бевме подобри и игравме подобра одбрана во второто полувреме. Се надевам дека ваква игра нема да повториме повеќе. Наш следен противник е Иран, ќе се одмориме и ќе се подготвиме за овој следен натпревар“, изјави селекторот Савевски по мечот со Узбекистан. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk