Македонија во Главна рунда на СП!

МАКЕДОНИЈА - УЗБЕКИСТАН 39-30 (20-19)
Македонија: 
Чурлиновска (6 одб), Јовановска (3 одб), Велкова 2, Переска, Нестороска 1, Стефаноска 2, Колоска 3, Јанкуловска 6, Дукоска 4, Борјана Коцева 3, Пешиќ, Равојска, Богојеска 1, Ризоска 8, Далипоска, Бојана Коцева 9

Македонија се пласираше во главната рунда на Светското првенство за ракометарки до 18 години, откако вечерва ја запиша втората победа, што во случајов е доволна за пласман во следната фаза. 
Заедно со пласманот, стигна и опомена дека нема лесни противници.



Репрезентација на Узбекистан која во првото коло загуби со 16 гола разлика од Иран, вечерва и зададе многу проблеми на македонската репрезентација. Нашиот тим стартуваше многу лошо и по нецели девет минути беше во негатива од 2-8. 
Потоа почна макотрпниот процес на враќање во игра. Намаливме на 6-9, беше 8-11 и 10-13 пред да стигнеме до првото израмнување 13-13. 
Узбекистан повторно поведе 16-14, а Македонија успеа да израмни на 18-18, малку подоцна и поведе 19-18. Еден од клучните моменти беше шутот на Мулаева што заврши во лицето на македонскиот голман, а тоа според новите правила е 2 минути. Нашиот тим ова го искористи и поведе 20-18, а на полувреме беше 20-19.



Савевски имаше можност десетина минути да  влијае врз играчите, се поправивме во одбрана, по што во вториот дел игравме далеку подобро отколку во првото полувреме. 
По десетина минути имавме плус четири, во 45 минута веќе водевме 30-23 и пласманот во главната рунда беше на повидок. 



На десет минути до крајот водевме 34-25. На ова претходеше период во кој Македонија успеваше да ја пробие противничката зона. Бојана Коцева и Ризоска која беше и играч на натпреварот имаа добра голгетереска вечер, следени од Јанкуловска.
На крајот Македонија запиша убедлива победа, а опомената од Узбекистан во секој случај е добредојдена во пресрет на мечот со Иран кој е најсилниот противник во групата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk