Добро се расплетува СП за Македонија

Исланд и Црна Гора одиграа нерешено на денешното дерби од групата „А“, а тоа е резултат што на Македонија би можел да и даде опција плус за пласман во 1/4 финалето.



Македонските ракометарки можеби добија опција плус за пласман во 1/4 финалето на Светското првенство, откако денеска нерешено одиграа репрезентациите на Исланд и на Црна Гора. 

Првенствено, Македонија мора да го совлада Иран како би пренела два бода во главната рунда. А таму, ако во последното коло Црна Гора ја совлада Шведска, ќе вкрстиме со Исланд и Црна Гора, а тие ќе имаат по еден бод. 
Тоа значи дека Македонија со една победа и тоа без разлика дали над Исланд или над Црна Гора би се пласирала во 1/4 финалето.

Сценариото малку, но не и небитно се менува ако Шведска ја совлада Црна Гора. Тогаш Шведска ќе оди во главна рунда, но со нула бодови, а Исланд ќе има два. 
Тоа значи дека сигурен пласман во 1/4 финале би имале единствено ако ја победиме Шведска. Ако го победиме само Исланд, тогаш би се формирала мини табела. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk