Веспрем се раздели со Мате Лекаи

Најваениот трансфер на унгарската легенда Мате Лекаи од Веспрем во Висла, можеби навистина ќе се реализира. 



Полскиот вице-првак Висла Плоцк пред извесен период најави дека унгарскиот плејмејкер Мате Лекаи би можел да биде алтернативата за повредениот Нико Миндегиа за следната сезона во која Висла со вајлд карта ќе игра во Лигата на шампионите. 

Трансферот учтиво беше ставен на ладење од страна на унгарскиот бек кој како еден од ретките поважни домашни играчи во Веспрем, ужива посебен статус во тамошната јавност. 

Но, денеска Веспрем објави дека завршува соработката со Мате Лекаи која, пак, требаше да трае и сезонава. 
Дали сега е отворен патот на Лекаи кон Плоцк или е некоја друга приказна во прашање, секако ќе се знае наскоро. Плоцк во меѓувреме, нема ангажирано друг играч за таа позиција. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk