Ремили против новата топка, Молтен му одговори

Светското првенство во Македонија се игра со новата топка на Молтен, за која не треба лепак. Топката е цел на критики од светски познати играчи.



„Кутрите деца. Оваа топка е ужасна, крај за уметниците“ напиша на својот Твитер францускиот ракометар Недим Ремили, од сезонава член на Келце. 

Веднаш доби и одговор од Молтен - Франција. 
Знаеме дека за вас може да е збунувачки. Но, целта на оваа топка е да се екипираат клубови таму каде што лепакот е забранет. Можеме да ви испратиме топка, па да дадете ваше мислење“. 

Со оглед на тоа дека прв пат оваа топка се користи на мундијалот во Македонија, побаравме и мислење од две ракометни легенди кои се овде во Скопје. Маја Савиќ, селктор на Црна Гора и Кристине Лунде, селекторот на Норвешка. 

„ Се привикнуваме, но за издржан коментар ќе ни треба повеќе време и да одиграме повеќе натпревари“, одговори Норвежанката. 

„Ние со оваа топка тренираме веќе еден месец. Треба(ше) време да се привикнеме, особено за специфичните шутеви какви што се „кокици“ на пример (вртени шуеви, завртаљки..) Помала е, добро е што не е лизга. Но, по еден месец приметивме дека полека почна да се деформира и да се лизга. Такво е нашето искуство, а ако тоа се покаже понатаму како маана и ако треба да се менуваат топките на секои месец-два, за многу клубови би било неисплатливо. Севкупно, мислам дека треба да се почне со младите категории, тие да се обучуваат за игра со оваа топка, а за понатаму...“, изјави Маја Савиќ. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk