Денеска на СП: Македонија по втора победа, распоред, термини

Одиграно е првото коло од кадетскиот мундијал во Скопје, каде освен доцнењето на дел од репрезентациите имавме можност да видиме и една мини сензација во која Египет славеше над Хрватска. Со оглед на тоа дека во групата се уште Индија и Казахстан, нема сомнеж дека Хрватска ќе мине во главната рунда, но потоа кога ќе вкрстат со Данска и Португалија, оваа нула може да им се одрази во битката за пласман во елиминациите. 



Македонија, по синоќешната лесна победа над Сенегал, денеска би требало да има уште полесна задача на дуелот со Узбекистан. Овој натпревар почнува во 20:30 часот и ќе се игра во салата „Борис Трајковски“. 
Ако денеска Иран го совлада Сенегал, Македонија со победа над Узбекистан ќе биде и теоретски пласирана во главната рунда на мундијалот и во третото коло против Иран ќе игра за пренесување на бодови. 

Денеска се среќаваат Исланд и Црна Гора, а доколку победи Исланд со сигурност оди во Главна рунда и ќе биде противник на Македонија. „Бомбастичната“ група ја комплетира Шведска која денеска игра со Алжир, а мечот за пласман за нив е дуелот со Ц. Гора во последното коло. 
Египет со евентуална победа над Казахстан ќе обезбеди пласман во главната рунда. 


Денеска:
Група „А“
2. Коло:
14:00  Шведска - Алжир (Борис Трајковски)
18:20  Исланд - Ц. Гора (Јане Сандански)
Група „Б“ 
16:10  Сенегал - Иран (Борис Трајковски)
20:30  Македонија - Узбекистан (Борис Трајковски)
Група „Ц“
18:20  Ф. Острови - Данска  (Борис Трајковски)
20:30  Португалија - Австрија (Јане Сандански)
Група „Д“
14:00  Индија - Хрватска (Јане Сандански)
16:10  Египет - Казахстан (Јане Сандански)




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk