Македонија без милост за Сенегалките

МАКЕДОНИЈА - СЕНЕГАЛ 32-13 (17-7)

Македонија: Чурлиновска (4 одб), Јовановска (9 одб), Велкова 1, Нестороска 2, Стефаноска 2, Колоска, Јанкуловска 2, Дукоска 5, Борјана Коцева 5, Пешиќ 2, Равојска 2, Богоеска, Ризоска 5, Далипоска 1, Бојана Коцева 5, Младеновска

 5



Кадетската репрезентација на Македонија, вечерва, сепак го одигра својот натпревар со тимот на Сенегал. Гостинките од Африка доцнеа, мечот беше презакажан за еден час, но се одигра. Македонија запиша убедлива победа. 

Нашиот тим почна подобро, поведе 6-2 и при овој резултат во серија направи неколку грешки, па тоа што по 14 минути игра беше 7-4 и за нашиот тим е не лош развој на настаните. 
Јасно, денеска тоа го чувме од сите селектори со кои разговаравме, првиот меч особено во кадетска конкуренција е посебен, посебно тежок. Тука е нов амбиент, непознати противници, притисок... Дури и на една Норвешка и требаа 20 минути да почне да функционира. Нема да замеруваме, ионака, работите брзо го сменија текот. 

Сенегал е екипа составена од ракометарки со добри физички предиспозиции и моторика. Во ракометните елементи, сепак, заостануваат зад македонскиот тим, па во следниот период нашиот тим поведе со 14-4. На полувреме беше 17-7.

Вториот дел беше игра на мачка и глушец. Сенегал се откажа од сите ракометни тактики и играше индивидуално, колку што може и знае. Така, за речиси 20 минути постигна само два гола, а на семафорот беше 26-9. 


Македонија несомнено ќе се пласира во главната рунда и таму ќе вкрсти со многу посериозни репрезентации. Од денеска виденото, тоа би требало да бидат Црна Гора и Исланд. Но во таа група е непредвидливо, а и Шведска можеби крие некоја „бомба“, пардон џокер во ракавот. 


 

Галерија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk