Манасков се врати во Вардар

Дејан Манасков повторно ќе го облече дресот на Вардар. Црвено-црните денеска ги израдуваа своите фанови со информацијата дека репрезентативното крило, следната сезона ќе биде нивни ракометар. 


Вардар денеска направи еден многу важен чекор кон подобрување на тимскиот ростер и враќање на улогата на прв фавори за шампионскиот пехар во македонското првенство. 

Дејан Манасков ќе ја пополни позицијата лево крило од која неодамна замина Тимур Дибиров. Репрезентативното крило минативе четири сезони ги мина во дресот на унгарскиот Веспрем каде што постигна над 500 гола и беше еден од најдобрите стрелци. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk