Се чека Сенегал да пристигне

Денеска почнува Светското првенство за девојки до 18 години, се одржува во Скопје, во салите Борис Трајковски и двете сали во спортскиот центар Јане Сандански. 



Македонија првиот натпревар ќе го одигра вечерва од 20:30 часот, а противник ќе ни биде репрезентацијата на Сенегал. 
Како што во моментов стојат работите, африканскиот тим безмалку од аеродром ќе дојде во сала, затоа што се уште не е пристигнат во Скопје.
Се прават напори, нивниот тим преку Истанбул со чартер лет во кој патем треба да биде и уште една репрезентација, Гвинеја, пристигнат околу 14:00 часот. 
Бразил e исто така екипa што доцнi, но би требало да бидат навреме за првиот меч во Скопје. Индија, пак, веќе го пропушти својот термин за натпреварот со Казахстан. За нив дополнително ќе се решава дали ќе се игра во друг термин.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk