Втора победа над Грција

Кадетската репрезентација на Македонија го одигра и вториот контролен натпревар со Грција и запиша втора победа. 



Македонските кадети и на вториот контролен натпревар ја совладаа Грција 27-26 (15-9). Македонската екипа поведе 3-1, 7-4, 9-5 и го контролираше целиот прв дел кој заврши со убедлива разлика од шест гола. 
Во второто полувреме, Македонија водеше 18-12, а стигна и до плус 10 (23-12), по што грчкиот тим полека почна да се враќа во игра. 
Македонија имаше 26-20, пред Грците да направат серија од 4-0 и стигнат до 24-26, по што Македонија одново пристигна постигна три гола и поведе со 27-24 што беше недостижно, иако противникот стигна и на гол заостаток. 

Петковски, Шулевски и Узунчев постигнаа по четири гола и беа најефикасните на теренот. Калајџиоски постигна три, по два гола дадоа Тотиќ, Стојановски, Димовски и Димковски. Галевски, Белистојаноски, Стојановски и Михајловиќ постигнаа по еден погодок. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk