Неверојатно: Уапсен селекторот на Шведска!

Шведската репрезентација која утре треба да го игра својот прв натпревар на Светското првенство во Македонија, денеска имаше голема непријатност на аеродромот во Копенхаген.


Селекторот на репрезентацијата на Шведска која денеска треба(ше) да пристигне во Македонија за настап на Светското првенство е уапсен денеска на аеродромот во Копенхаген. 

Терминалот на аеродомот Каструп бил блокиран од полициски сили поради закана од бомба. Заканата била лажна, а Според новинските извештаи во Шведска и Данска, еден човек бил уапсен. Тоа е селекторот на ракометната репрезентација на Шведска открива sydsvenskan. Тој станал нервозен при контролата и на прашањето што носи во торбата изјавил:
- Носам бомба! 

„Шегата“ на шведскиот селектор не минала добро. Терминалот, блокиран, тој уапсен и веднаш суспендиран од шведската ракометна федерација. 

„Лоша идеја е да се шегувате и пријавите дека носите бомба“, изјави портпаролот на копенхагенската полиција за Афтонбладет. „Ние мораме да реагираме сериозно. По претресот, се виде дека нема опасни материи. По околу еден час, терминалот беше одблокиран“. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk