Полуфинале за македонските судии во Полска

Македонските судии Марко Огњановски и Дамјан Савиќ се дел од Универзијадата што се одржува во Полска. 



Тоа што го одработува македонската судиска двојка Марко Огњановски и Дамјан Савиќ очигледно им се допаѓа на релевантните фактори на ракометниот турнир на Универзитетските игри што се одржуваат во полскиот град Лоѓ. 

Младите македонски арбитри се покажуваат како добар производ на квалитетната македонска судиска школа и следствено добиваат поважни натпревари за водење. 
Откако судеа на натпреварот меѓу машките екипи на Сучеава и Јан Евангелиста од Чешка, судеа и 1/4 финале на женскиот турнир на универзитетите на Бордо и Гдањск. 
Сега ќе го судат најголемиот за нив меѓународен предизвик, а тоа е 1/2 финалето во машка конкуренција во која се пласираа екипата на Сучеава од Романија и Мињо од Португалија. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk