Познати групите за струшкиот турнир

Струга годинава слави 50-ти роденден на ракометниот турнир што се игра на отворено, на Женска Плажа. 


Традиционално, во август македонски ракометен центар број 1 е Струга. Годинава со посебен шарм и славенички, ќе се одбележи 50 издание на еден од најстарите турнири во светот. 

Роденденски гости во натпреварувачкиот дел ќе бидат осум екипи, од кои три се странски и пет од македонскиот шампионат. Оранизаторот денеска ги објави групите, наскоро ќе биде објавен и распоредот и времето на одржување. 

Во групата „А“ ќе биде домашната екипа, Струга, заедно со екипите на Еурофарм Пелистер и двајца гости од странство. АЕК Атина и Татран Прешов. 

Во групата „Б“ ќе бидат екипите на Вардар 1961, Целје Пивоварна Лашко од Словенија, Бутел Скопје и новиот суперлигаш Алкалоид. 

Турнирот почнува на 16 август, завршува на 20 август. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk