Нелоски тренер-практикант во Голден Арт

Поранешниот македонски репрезентативец Марко Нелоски ја стартува тренерската кариера како практикант во ракометниот клуб Голден Арт. По завршувањето на потребните модули во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија, со кои Нелоски се стекна изминатиот период, од следната сезона во нашиот тим ќе стекнува пракса и ќе го изучува тренерскиот занает, објави скопскиот клуб. 


Голден Арт како спортски колектив, покрај тоа што во својата политика на делување има развој на македонски ракометари, во иднина ќе се насочи и кон создавање на стручен кадар, со единствена цел подобрување на состојбата во Македонија во овој сегмент“, се вели во објавата на повратникот во Супер лига. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk