СП го отвораме со Сенегал

Светското кадетско првенство почнува утре, а ќе се игра во Скопје, во салите „Борис Трајковски“ и двете сали во спортскиот центар „Јане Сандански“. 
Македонија своите натпревари од прелиминарниот дел ќе ги игра во „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот. 



Настапот на Светското првенство за кадетската репрезентација на Македонија не е подарок од ИХФ за организација на мундијалот. Македонските репрезентативки настап на Светското првенство обезбедија со триумфот на ЕХФ Шампионатот во Литванија минатото лесто. 
Дел од нив, тие што преминаа во јуниорска конкуренција немаат право за настап, но грото од играчите што беа во Литванија се и сега во возрасна категорија под 18 и ќе уживаат во резултатот остварен минатата сезона. 

Првенството требаше да се игра во Грузија, но поради безбедносната ситуација во тој регион ИХФ мораше да бара нов домаќин. Овде клучната улога ја одигра РФМ и ја доби организацијата на СП. Со тоа освен домашниот терен, на ракометарките им обезбеди и можност да се одбре група при ждрепката, па сега имаме отворен пат кон главната рунда. 

Македонија ќе игра со Сенегал, Узбекистан и Иран во првата фаза. Две репрезентации минуваат во главната рунда. Пласманот меѓу 16-те екипи е прагот што треба да се помине, за резултатски да биде подмирен минимот. Од начинот на кој ќе ги одиграат овие три меча, пак, зависи и општата оценка околу успешноста на настапот. 

Според системот на натпреварувње, по две репрезентации од сите осум групи ќе продолжат во главната фаза, а таму ќе вкрстат по принципот А-Б - група 1, Ц-Д - група 2... 

Македонија која е во групата „Б“ ќе вкрсти со групата „А“ во која се Алжир, Црна Гора, Шведска и Исланд. По оваа фаза, следи 1/4 финална елиминација. Македонија е во добра позиција да оствари убав резултат, но прво мора, да се одработи првата задача. 

Сенегал, репрезентација што на мундијалот дојде со посебна покана од ИХФ за Африка е нашиот прв противник. Непознат тим, Африка има таленти, играчи со изразени физички предиспозиции и Македонија ќе има предизвик кој изискува целосно внимание и фокус и никакво потценување. 

Натпреварот се игра утре, сабота, во „Борис Трајковски“, а почнува во 20:30 часот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk