Битолчани го одбраа Радовиќ за капитен

Еурофарм Пелистер се организира и играчки и структурно, промените во екипата не беа мали, а подразбираа десетина нови играчи и нов тренер. Од вчера и нов капитен. 



Мирко Радовиќ е новиот капитен на екипата на Еурофарм Пелистер. Битолчани објавија дека улогата што досега ја вршеше Јосип Периќ, сега ќе ја врши црногорското крило. 
Мирко Радовиќ во Битола дојде во 2019 година, а сезонава, пак, остана единствен странец од ланскиот тим. Сите други странски играчи - си заминаа. 

Ако не знаевте: Улогата на капитен своевремено беше и официјална функција во тимот. Капитенот беше единствениот играч што смееше да реагира и кај судии и на записничката маса за „икс“ ситуации, без притоа да биде казнет со две минути суспензија. 
Пред повеќе од десет години ИХФ ја симна капитенската лента и укина оваа функција.
Клубовите и репрезентациите имаат право да назначуваат капитени, но за ИХФ официјално, тоа е само почесна функција без одредено практично значење. 
Во внатрешните структури на клубовите и репрезентациите, пак, капитенот ја има зачувано и практичната функција и претставува е „линк“ меѓу играчите, тренерот и управата на клубот.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk