Историски момент во Скопје, прв пат топка без лепак

Новата топка на јапонскиот произведувач „Молтен“ кој е снабдувач на Светската ракометна федерација, за прв пат во игра на официјално Светско првенство ќе ја видиме утре, во Скопје. 



Молтен неколку години ја развиваше и подобруваше формулата која за финално решение, барем во овој момент ја има топката d60 Pro. Ова е првата топка за која нема да се користи лепак, а тест првенството по кое ќе се донесе одлука и дали ќе биде во целосна употреба, вклучително и сениорскиот мундијал во јануари ќе биде донесена во зависност од перформансите и резултатите што ќе ги видиме во следните 12 дена. 

Отпорот кон топката сигурно нема да биде мал, особено кога ќе дојде ред сениорските екипи да ја користат, но потребата од ваква топка е поголема отколку што е желбата на ракометарите да играат како досега.
Лепакот што сега се користи остава траги на паркетот што тешко се чистат, специјалната подлога е и скапа и со себе го носи моментот монтажа-демонтажа затоа што освен за ракомет е непрактична за други спортови. Затоа и управите на врвните сали воопшто и не сакаат ракомет за да избегнат мака со чистење и враќање на салата во првобитна состојба, а нивното користење, следствено станува многу поскапо.
Затоа „Молтен“ и снабдувачот на Европската ракометна федерација „Селект“ се обидуваат овој проблем да го решат со топка за која не треба лепак. 

Новите правила кои се важечки од 1 јули, исто така ќе бидат правосилни на овој мундијал. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk