Кадетите ја победија Грција на првиот тест

Македонската кадетска репрезентација вечерва успешно ја мина првата контрола.



Македонските кадети под водство на Раде Стојановиќ се подготвуваат на Маврово во пресрет на ЕХФ Шампионатот во Рига, каде што ќе играат за пласман на М20 ЕХФ Еуро 2024 и СП У19 2023. 

Прв тест ривал на Македонија беше репрезентацијата на Грција. Вечерва одиграа контролен натпревар на кој победи македонската репрезентација 25-23 (11-10). Во план е утре да се одигра уште еден пријателски натпревар со истиот противник. 



 

Поврзани вести