Kондев повторно го одбра Тиквеш

Дарко Кондев е едно од најдобрите и најлуцидни леви крила во македонскиот ракомет. Откако замина од екипата на Металург игра за ГРК Тиквеш. И очигледно му се допаѓа животот во Кавадарци. 


Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац нема да има лево крило на списокот на грижи. Дарко Кондев, едно од најдобрите крила во македонскиот ракомет, особено кога станува збор за помлади ракометари, ја продолжи верноста кон клубот за уште една сезона. 

Кавадарчани беа блиску да останат без талентираниот ракометар. Неколку екипи од Македонија го побарале, а имал опција и да се проба во странство. 

„Имаше можност за трансфер во Романија, но таму има критериуми со странци и не се реализираше таа опција. Втората лига во Франција беше исто така опција, а имав можност и во неколку екипи во Македонија да продолжам. Сметам дека за мене најдобро е да продолжам во истата екипа. Барем уште една сезона ќе одиграм во Тиквеш, а за потоа ќе видиме“, изјави Кондев за g-sport.mk

Тиквеш нема да има промена на оваа позиција, затоа што клубот останува и Димитар Коцев кој и лани играше заедно со Кондев. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk