Вардар се поднови со црногорски кадет

Андреј Добрковиќ, централен бек што игра за кадетската репрезентација на Црна Гора е нов ракометар на Вардар. 


Андреј Добрковиќ е син на поранешниот ракометар на Вардар, Марко Добрковиќ. Во Вардар доаѓа од редовите на словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко и би требало да остане најмалку две години. 

Со овој ангажман Вардар ќе ја пополни централната бековска позиција каде што Анте Гаџа има долга пауза. Скопскиот тим нема потреба да брза со тимот затоа што во првата полусезона нема да игра во Европа, а во домашното првенство не би требало во оваа фаза да има проблем. Вистинските битки сезонава за нив се за шампионскиот пехар, во вториот дел од сезоната против Еурофарм Пелистер.
Дотогаш многу вода ќе протече. 

Поврзани вести