Ангелов нема да ја води Струга

Најавеното доаѓање на Петар Ангелов Диви на клупата на Струга, нема да се реализира. 



Петар Ангелов нема да биде новиот тренер на Струга, најавената соработка нема да се реализира. 
Стружани и Ангелов имале еден разговор за преземање на кормилото на струшкиот тим, но веќе објавивме, од тој момент до вчера немало втора средба, а за остварување на финален договор останале доста празнини што требало да се пополнат. 

Во меѓувреме во не толку краткиот период во кој требало финално да се разговара, се променија и околностите и кај Петар Ангелов се појавила семејна работа што бара негово внимание, па остварување на соработка во овој момент отпадна од комбинација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk