Освоија титула - добија нов договор

Хуан Карлос Пастор во Пик Сегед дојде во 2013 година и многу пати досега одеше по жица. На крајот ќе изоди и цели 10 години во унгарскиот клуб. 



Паметиме уште во 2013 година кога го гледавме квалификацискиот двомеч Металург - Пик Сегед за влез во ЛШ, во Сегед локалните ракометни познавачи што гравитираа околу клубот не убедуваа дека ако Сегед не го мине Металург, судбината на Пастор е запечатена. 
Сегед не го мина Металург, но Пастор остана на кормилото на клубот. 
Потоа редовно како минуваа сезоните, така слушавме дека Пастор е „готов“. И така, се до актуелната сезона кога се врати од бездната во финалето на Плеј оф и на реваншот како гостин го совлада Веспрем за нов шампионски пехар на Сегед.

Денеска ПИК Сегед објави дека е потпишан нов договор со тренерското дуо Хуан Карлос Пастор и Марко Кривокапиќ. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk