Место во Вардар, заврши во Данска и ќе игра ЛШ

Словечкиот десен бек Нејц Цехте кој имаше потпишано договор со Вардар, следната сезона место во Скопје ќе игра во Гудме. 



Долговите на Вардар и одлуката на ЕХФ да не му даде дозвола за настап во Лигата на шампионите, имаше ефект вр играчкиот ростер на тимот. 
Најавените засилувања нема да ги видиме во Скопје. Еден по еден почнаа да си наоѓаат чаре. Дуарте замина за Гепинген, Адреев ќе игра за Мешков Брест, а денеска нов клуб си најде и Словенецот Нејц Цехте. 
Десниот бек од Хановер место во Скопј ќе заврши во Гудме. Тој потпише едногодишен договор со екипата на ГОГ. Тие се нови дански прваци и имаа директен пласман во Лигата на шампионите следната сезона. 
Цехте во ГОГ ќе треба да ја замени младата данска супер ѕвезда Матијас Гидсел кој потпиша за германскиот Фуксе Берлин. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk