Ла каса де Хендбал

Македонија во јануари, на мундијалот во Полска ќе си има работа со Аргентина, репрезентација за која во Европа не се зборува многу, па може да се создаде и лажна слика дека си имаме работа со неорганизиран и неамбициозен јужно-американски проект какви што се грото на континентот. Реалноста е сосема поинаква. 



Аргентина заедно со Бразил доминираат на Јужноамериканската сцена веќе две децении. Бразил е историски поуспешен, но Аргентина е во подем во последните години и има подобри резултати. 
Аргентина има 22 играчи што играат во Асобал и уште неколку во Франција, Португалија... сериозен тим на кој му недостасуваше централно јадро. Сега ќе го добијат и тоа. 

Аргентина усвои шестгодишен план за развој со што ќе се централизира спортот и ќе добијат поголемо стручно и финансиско внимание. За земја од +45 милиони жители каде спортот е на ниво на религија, не би требало долго да се чека на резултати. 

Колку се сериозни, говори подотокот дека потпишаа договор за изградба на спортски ракометен комплекс со ракометна сала за домашни и меѓународни средби како „бисер“ во тој проект. Таму ќе бидат сместувани, тренирани и ќе биде следен прогресот на домашните ракометари. 
„Ла каса де Хендбал Аргентино“ ќе се вика новиот дом на ракометарите на Аргентина и ќе биде во Буенос Аирес.
Во Европа, ваков ракометен дом има само Франција, а се најавуваше дека ќе се гради и во Русија. 

Поврзани вести