Парондо останува селектор на Египет

Роберто Гарсија Парондо, шпанскиот тренер кој во 2019 стана европски првак со Вардар, а пред нецела недела стана и шампион на Африка со Египет, останува на кормилото на „фараоните“. 



Само еден ден откако Египет стана првак на Африка беше објавена вест дека Гарсија Парондо нема да добие нов договор. Тој е тренер на Мелзунген, а Египет не дозволува двојни функции. Барем не на подолг рок. 

Но, уште не се стиша ехото од изјавата за прекин на соработката дадена на ТВ, стигна нова одлука. Гарсија Парондо останува селектор на Египет. Египетските медиуми велат дека Мухамед Ал Амин, претседателот на Египетската ракометна федерација, официјално објавил дека Парондо останува. 
Со оглед на тоа дека ќе биде и тренер на Мелзунген, јасно е кој ја добил битката во преговорите. 

Интересно, за нас и изненадувачки, но египетската јавност, барем на социјалните мрежи не е среќна со оваа одлука. Коментарите за Парондо главно се негативни и се движат од тоа дека Египет потклекнал пред неговите барања до тоа дека нивна цел не е првенството на Африка, а тој не е кадарен да освои голем турнир. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk