Куманово одбра нов тренер

Драгана Ристова, од ракометарските денови попозната како Драгана Пецевска е новиот тренер на женската екипа на Куманово. 


Драгана Ристова играчката кариера ја заврши во ЖРК Вардар и веднаш презема тренерска улога во тимот. Тренерски се образуваше до мастер коуч лиценца.
Неколку години работеше со младинската екипа, а потоа стана и прв тренер на клубот. Летово се раздели со црвено-црните и сега преминува во екипата на Куманово. 

Во стручниот штаб на Куманово ќе бидат Сашо Божиновски кој ќе биде тренер на голмани, Славиша Димитријески кој ќе биде омошен тренер и Воја Ангеловски - физиотерапевт.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk