ВЕСТИ: Големи имиња на роденден кај Веспрем

Најуспешниот унгарски клуб, Веспрем, летово организира ракометен фестивал по повод 45. роденден на клубот. Одбрано друштво ќе гостува кај Веспрем за време на нивната прослава на 45.роденден, во периодот од 26-28 август. Турнир со четири екипи ќе биде одржан во Унгарија, а покрај славеникот ќе играат и екипите на Кил, Флензбург и Келце. 


Париз, сепак, ќе види ракомет за време на ОИ или пак ракометарите ќе го видат Париз за време на Олимписките игри во Париз 2024. Сценариото ракомет да се игра во Лил ќе биде изменето. Групната фаза од ракометниот турнир ќе се игра во Париз, а за тоа време кошарка ќе се игра во Лил. Потоа, се менуваат. Завршницата на кошаркарскиот турнир ќе биде во Париз, а за медали во ракомет ќе се игра во Лил. Таква е најновата промена, којзнае уште колку ќе има додека да дојде време да се игра. 

Турската федерација го објави списокот на учесници за следната сезона, а меѓу 12-те машки екипи ја нема екипата на Анталијаспор за која своевремено бранеа македонските голмани Петар Ангелов и пред него Виктор Гигов. Тие се исфрлени од натпреварувањето, а областа Анталија ја загуби битката за машкиот ракомет, па остануваат само со еден женски клуб - Коњалти. 

Сана Солберг, познатата норвешка репрезентативка ќе го пропушти ЕП 2022 во Македонија, Словенија и Црна Гора. Норвешката ракометарка објави дека е бремена и привремено ја прекинува кариерата. 

Десниот бек на репрезентацијата на Украина, Владислав Донцов ќе биде замената за Чехот Томаш Пирох во екипата на Кретеј. Пирох заминува во Бундес лигата. Владислав Донцов, досега играше за Мотор Запорожје. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk