Се прошируваат младинските ЕП: Како се стигнува до повисок ранг

Македонија го освои петтото место на јуниорскиот М20 ЕХФ Шампионат во Варна. РФМ свесно испрати помлада генерација на тоа натпреварување за да стекнат натпреварувачко искуство пред настапот на многу поважниот М18 ЕХФ Шампионат. 
Зошто тој шампионат е многу поважен? Прочитајте во продолжение.  



На состанокот на Извршната комисија на ЕХФ за време на Фајнал фор турнирот во Келн беа донесени неколку важни одлуки. Не е лесно да се презентира, но една од нив се однесува на проширувањето во младите категории. 
Одлучено е Кадетските (М18) првенства во машка и женска конкуренција да се прошират од 16 на 24 репрезентации. Тие се играат на две години. Летово ќе се игра едно во Црна Гора, а  проширувањето за М18 ќе се случи во 2024 година.  Јуниорските (М20) ќќе се прошират, следствено, две години подоцна, односно 2026. 

ЕХФ Еуро М18 што летово се игра во Црна Гора, за последен пат ќе значи испаѓање на репрезентациите што ќе бидат последни, односно на 14, 15 и 16 место. Тие ќе испаднат за следното ЕХФ Еуро М20 2024 (тоа што ќе се игра со 16 репрезентации во 2024).
Трите победници од ЕХФ М18 Шампионатите што во август ќе се играат во Летонија (таму игра и Македонија), Израел и Романија ќе се квалификуваат на ЕХФ ЕУРО М20 во 2024

Трите победници од ЕХФ М18 Шампионатите што во август ќе се играат во Летонија Израел и Романија ќе се квалификуваат и на мундијалот, СП М19 2023 што ќе се одржи во Хрватска. 

Што ќе се случува со М18 ЕХФ Еуро 2024? 
Тоа е првото првенство што ќе се игра со 24 репрезентации, а од М18 ЕХФ Еуро 2022 што летово ќе се игра во Црна Гора, само осум репрезентации ќе имаат загарантирано пласман.
Овде ке додадеме дека има дел што и нам не ни е целосно јасен, а тоа е дали првите осум од првенството во Црна Гора ќе обезбедат директен пласман на следното М18 ЕП или ќе се направи ранг листа и од таа листа првите осум ќе одат директно на ЕП М18 2024. 

Сите други репрезентации, за пласман на ЕХФ Еуро М18 2024 ќе играат во квалификации. Системот на квалификации, ЕХФ дополнително ќе го објави. Следствено, Македонија ќе игра квалификации во кадетска конкуренција за пласман на М18 ЕХФ Еуро.

Како ќе се направи трансфер меѓу кадетите што ќе играат на М18 2024 (ЕХФ и ЕХФ Шампионати) во М20 2026 (прво М20 со 24 репрезентации) засега не е познато. 

ЕХФ Шампионатите ќе се поделат на „Б“ и „Ц“ ЕХФ Шампионати. 

На М18 ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Летонија во август, Македонија е во група со репрезентациите на Летонија, Косово и Турција. 
Оваа група ќе вкрсти во полуфинале со група во која се Швајцарија, Луксембург и Белгија. 
Победникот ќе обезбеди место на М20 ЕХФ Еуро 2024 и на СП М19 2023

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk