Битолчани го заземаа Маврово

Битолски Еурофарм Пелистер предничи во предсезоната со тренажниот процес. По  четирдневно загревање, од денеска ја почнува првата фаза од подготовките. 



Се ближи крајот на летниот одмор за ракометарите и почнуваат летните подготовки во кои клубовите составија нови екипи, поставија старо-нови цели пред себе и сега ги подготвуваат ракометарите за претстојните предизвици.
Добар дел од екипите подготовките ќе ги почнат неделава, некои понеделнички, за „среда - среќно“ е воглавно ѕвездата водилка, трети пред да стартува викендот. Немалку екипи ќе почнат и по 2 Август. 

По четири дена тренинзи во Битола, Еурофарм Пелистер денеска ја почнува првата фаза од подготовките. Екипата заминува на базични подоготовки на Маврово. Таму ќе бидат комплетни затоа што треба да се приклучи Осама Хосни, тунискиот ракометар кој поради настапот на Африканското првенство досега бше слободен.

Се очекува наскоро да биде потпишано барем едно од двете посакувани засилувања. Битолчани составија тим, но за местото каде што лани играа нивните најдобри играчи (Мандалиниќ и Табоада) засега нема комплетен одговор. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk