Израел го освои ЕХФ Шампионатот!

Победник на М20 ЕХФ Шампионатот во Варна е репрезентацијата на Израел. 


Изненадување беа во полуфиналето. Откако ја совладаа Швајцарија, Израелците веќе не беа чудо ниту во финалето. Па, сепак. Не сме навикнати да гледаме победнички пехари во раце на Израелци, барем не кога е во прашање ракомет. 
Знаеме дека со години посебно внимаваат на младите категории, често имаат и странски селектори, но бидејќи се натпреваруваат во конкуренција со Европа, нивните шанси секогаш биле мали. 

Денеска на ЕХФ Шампионатот ја совладаа Романија во финалето. На пенали. Заслужија и во регларниот дел, имаа водство од 33-30 на три минути до крајот и не погодија ниту еднаш до звукот на сирената за конечни 33-33. 
Затоа, пак, од седмерец не промашија. Романците промашија во втората серија, во петтата немаше потреба ниту да шутираат.
Третото место го освои Швајцарија која беше подобра од Грција.

Израел ќе добие шанса да се квалификува за јуниорското СП следната година, заедно со Чешка, победникот од првиот турнир што исто така се играше во Варна. Овие две екипи, веројатно заедно со Црна Гора, Норвешка, Хрватска и Полска ќе формираат две групи од кои победниците ќе се пласираат на СП Германија и Грција. 

Зошто велиме веројатно? Затоа што за оваа информација „копавме“ по пропозициите на ЕХФ и начинот на квалификации. 
Самиот ЕХФ со ниту еден единствен збор за сето ова време додека се играа двата ЕХФ Шампионати, не објави што ќе биде со победниците на турнирите. А објавија дузина текстови за ЕХФ Шампионатите.
И не само со победниците туку и со финалистите, регулативите дозволуваат квалификациските турнири да имаат максимум осум екипи што значи дека покана би можеле да добијат и Австрија и Романија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk