Победа над Украина за Македонија на петто место

МАКЕДОНИЈА - УКРАИНА  26-23 (13-11)


Репрезентацијата на Македонија М20, го освои петтото место на ЕХФ Шампионатот што денеска завршува, а се играше во Варна. 
На мечот за петто место, Македонија беше подобра од Украина, со која игравме и во првото коло, но тогаш беше нерешено. 

На денешниот меч, Македонија беше подобриот противник, па иако Украинците беа постојано блиску и постојано беа реална закана за кревкото водство на нашиотт тим, на крајот победата им припадна на избраниците на Бранко Ангеловски. 
Александар Петковски на овој меч значително го подобри својот процент на реализација и со 7/10 гола предничеше во нашиот тим, а исто така крилен играч. Славчо Шулевски со пет гола беше веднаш зад него. 

Со пласманот на петтото место Македонија не добива ништо од колачот наречен повисок ранг или пласман на СП. Но, ова беше предвидената жртва.
Наскоро на ред доаѓа ЕХФ Шампионатот М18 во Рига. Речиси сите играчи од овој тим, со исклчок на тројцата една година повозрасни се кандидати за пат во Летонија. Таму, победата на ЕХФ Шампионатот носи пласман на ЕХФ Еуро, пласман на јуниорско СП, пласман на ЕХФ Еуро и за генерацијата 2006 ... ЕХФ Шампионатот во Варна од каде само победникот ќе игра квалификации за СП со екипи што беа на опашката на ЕХФ Еуро беше искористен за кадетите да влезат во натпреварувачки ритам. На нив е да оправдаат и да си ги трасираат кариерите кон големата сцена.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk