Русија смисли казни за играчите

За руската репрезентација, а и првенството е познато дека има најмалку две струи. Едната се Чеховски медведи и Владимир Максимов, другата ЦСКА Москва и актуелното раководство. 



Судирот на двете струи е најмногу видливи кога ќе дојде на ред битката за титула во која се среќаваат Чеховски медведи и ЦСКА и секогаш победува Ч. Медведи. 
Најболно за нив, пак е кога доаѓа ред на репрезентацијата, а тогаш видлива е непослушноста на играчите на Чеховски медведи, додека Максимов е речиси секогаш на тапет дека се меша во работата на селекторот. 

Вчера, руската федерација донесе сет мерки за заштита. Новитет е што секој играч, без разлика на клубот што нема да се појави на подготовки дури и за пријателски натпревари ќе биде суспендиран. 
Суспензијата ќе се одреди на тој начин што, играчот ќе биде суспендиран толку натпревари колку што денови од подготовките ќе пропушти. 
Пример: Ако доцни три дена, ќе биде суспендиран три натпревари во домашното првенство.. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk