Нов клуб за Јанко Божовиќ

Јанко Божовиќ, австриски десен бек со потекло од Црна Гора по три години минати во Гумерзбах, од кои две под тренерската палка на Гудјон Валур Сигурдсон заминува од Германија. 


Јанко Божовиќ На залезот на кариерата (37 години) ќе печали во Кувајт. Неговиот нов клуб е Ал Шулабихат. 
Јанко е син на една од своевремено најпознатите светски ракометарки. Дефанзивниот терор од Хипо - Станка Божовиќ. Веруваме дека многу ракометари, меѓу нив и нашите кометалки се уште имаат модрици од тоа време. 

Јанко Божовиќ, пак, на македонската јавност и стана поблизок кога во 2015 дојде во Металург. Македонскиот клуб во тоа време тргнуваше надолу, но Червар успеа да направи тактика во која главниот лик беше Божовиќ, а тоа го однесе кон врвот на листата на стрелците и веруваме подоцна препорака за Ал Рајан каде подобро се заработуваше отколку во Автокоманда. 

Инаку, Божовиќ е вистински авантурист кога се клубовите во прашање, па така Ал Шулабихат ќе биде клубот број 16 за кого играл Јанко Божовиќ, 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk