Се договорија ли Струга и Ангелов?

Ќе се реализира ли најавениот договор меѓу Струга и Петар Ангелов?



Прославениот македонски голман Петар Ангелов минатата сезона ја почна својата тренерска кариера, како стратег на Вардар Неготино, екипа што обезбеди пласман во Супер лига за претстојната сезона. Пред крајот на сезоната, замина од клубот.



Неодамна беше најавен како нов тренер на екипата на Струга. Дури и струшкиот тим официјално го најави на својот профил за нов тренер, но... 

Како што дознаваме, Петар Ангелов и Струга неодамна навистина разговарале за отпочнување на соработка. Но, потпишан договор немаат. Не само што не потпишале, туку немало ниту продолжение на разговорот што би довело до официјализирање, консултации, составување на екипата и сите други детали што се карактеристични за отпочнување на соработката. 
Термините на летните подготовки веќе се ближат, два тима веќе и почнаа до подготовки, а во наредниве десетина дена таа бројка нагло ќе се зголеми, па очекуваме и ова прашање да биде одговорено. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk