Поднесено обвинение за убиството на Денис Тот

Истражната постапка за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот е завршена. Денеска е поднесено обвинение против тројца веќе притворени лица за убиство.





“Обвинетите, на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал“, соопштија од Обвинителството.

Судењето најверојатно ќе почне на есен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk