Нема полуфинале за Македонија

Македонската јуниорска репрезентација на Македонија во овие моменти игра меч со Швајцарија, но таа средба нема резултатско значење, односно како и да заврши нема да смени ништо на табелата.


Увертира на последниот ден од групната фаза на ЕХФ Шампионатот во Варна беше натпреварот меѓу репрезентациите на Романија и Украина. За Македонија да ги задржи шансите за пласман во полуфинале, требаше Украина да победи. Но, победи Романија и тоа убедливо 33-25 (15-15).

Со тоа Романија од четири одиграни меча има три победи, Македонија има скор 1-1-1. Дури и со победа над Швајцарија, немаше да бидеме во 1/2 финале. 

За да го освои третото место во групата, Македонија денеска не смее да загуби со поголема разлика од 16 гола. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk