Египет на мака да ги задржи играчите

Омар Јаихја и Али Зеин широко ја отворија вратата за египетските ракометари кон Европа. Односно, на европските клубови кон Египет. 



Африканскиот претставник за Супер глоуб, Ал Ахли од Египет веќе неколку дена се „жали“ дека по шампионатот на Африка неколку негови играчи не престануваат да добиваат понуди од Европа. Клубот ја повикува управата воопшто да не ги разгледува, затоа што во нив било многу вложени и се имало трпение, а сега е дојдено времето да вратат со резултати и пехари. 

Лево-крилниот играч Ахмед Хишам Шиша веќе објави дека ја одбил понудата на српскиот селектор Тони Херона да заигра за екипата на Шарт од Франција каде е тој тренер. 
Младата ѕвезда Махаб Саед вели дека и покрај тоа што му ветил на својот татко дека ќе игра професионално, а и неколкуте понуди што ги има од Франција и Унгарија, ќе остане да го одработи договорот со Ал Ахли.
Ибрахим Ал-Масри и Ахмед Адел се само уште двајца од деветте репрезентативци на Египет од Ал Ахли чии телефони не престануваат да ѕвонат со примамливи понуди од Европа. 

И тоа е само за АЛ Ахли, сигурно не е различно во Замалек или другите екипи што даваат репрезентативци.
Веруваме нема да мине долго време додека да чуеме за нов трансфер на египетски ракометари во Европа. Имаат што да понудат, тоа не е за дискусија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk