Kокшаров ќе го води Ростов Дон

Поранешниот тренер и директор на ЖРК Вардар, Едуард Кокшаров се спрема за нова функција. 



Ростов Дон, најсилниот руски тим заедно со ЦСКА, ќе има нов тренер. Откако почна конфликтот кој од Русија ги „избрка“ странските играчи и најголем дел од тренерите, тие се вртат кон домашните стратези. 

Руски медиум открива дека на местото на Пер Јохансон кој беше тренер од 2020 до 2022, доаѓа Едуард Кокшаров. Русинот, пак, откако замина во Скопје каде што главно беше спортски директор, но и во улога на прв тренер на Ф4 турнир, стана селектор на машкиот тим на Русија. По слабите игри и незадоволството што се јави во тимот по ЕП 2020 замина од функцијата и дури сега би требало да продолжи со тренерскиот занает. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk