Двајца Македонци во ист клуб во Шпанија

По една сезона мината во втората Бундес лига, во екипата на Емсдетен, македонскиот ракометар Дарко Димитривски се враќа во Асобал лигата. 


Шпанската екипа Атлетико Ваљадолид на чие кормило е поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро, следната сезона ќе има двајца македонски ракометари во тимот. 

По една сезона мината во Германија, во шампионатот на Шпанија се враќа Дарко Димитриевски. Во неговото богати меѓународно резиме се запишани настапи и за шпанските екипи Пуерто Сагунто, Адемар Леон и Синфин. 

Претходно, за Ваљадолид потпиша и Димитар Димитриоски, па следната сезона ќе има македонско дуо во оваа некогаш многу силна шпанска екипа за која имаат настапувано ѕвезди како Чема Родригез, Ерик Гул, Хулио Фис, Раул Гонзалез итн. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk