Полуфиналето е тешко дофатливо за јуниорите

РОМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 31-21 (15-11)
​Македонија:
 Брестовац, Галевски, Михајловиќ 4, Тотиќ 1, Тодески 5, Белистојаноски 1, Иваноски 2, Стојменов 1, Карасманакис , Петковски 6 , Д. Узунчев , Т. Узунчев , Шулески 1, Илиески 1, А. Стојановски , Димевски 


Македонија практично ги загуби шансите за пласман во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот во Варна, иако во теорија се уште има комбинации што би не донеле меѓу четирите најдобри.
Македонската јуниорска репрезентација денеска загуби од Романија на натпреварот што мошне веројатно директно ќе одлучи која од овие две репрезентации ќе се пласира во полуфиналето на турнирот што се игра во Варна. 

По израмнетиот почеток, односно по десетина минути игра по кои беше 5-5, Романците направија серија од 3-0 и стигнаа до првото поосетно водство. Македонија се обидуваше да стигне, намали на 8-10, но одново следеше 2-0 за противникот и разликата се позиционираше на четири гола во корист на противникот.
Романските играчи кои се година-две повозрасни од македонскиот тим следствено и покорпулентни, полесно излегуваа на крај со еден на еден ситуации, а и нивниот голман одигра значајна улога во следниот период, па пред крајот на полувремето поведоа и со 15-10.
Во финишот на полувремето, при 15-11 имавме нереализиран напад и потоа и нереализиран седмерец што можеа да не донесат со помала негатива. 
Во првите десет минути од вториот дел се одржуваше разлика од 4-5 гола, па така во 40 минута на семафорот беше 20-15. 
Како одминуваше времето, така се намалуваа шансите на македонскиот тим. Романија поведе 22-16, следеа нови грешки кај нас, па на девет минути до крајот беше 27-18, потоа и плус десет (28-18) и до крајот беше формалност, затоа што противникот го одржа ритамот. 


Швајцарија првиот фаворит на турнирот има максимален скор од три победи, Романија е втора со еден пораз, а Македонија е на третото место со пораз, реми и победа. Во следното коло ќе играме со Швајцарија. Потребна ни е победа, но и Украина треба да ја совлада Романија за да се пласираме во полуфиналето.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk