И Лојаница си замина од Веспрем

Промените што почнаа да се случуваат во Вардар уште на почетокот на 2019 година имаа влијание низ цела ракометна Европа, а клубови како Веспрем на пример го искористија моментот за да се засилат ангажирајќи членови на шампионскиот состав од Скопје. 


Марија Лојаница, кондициски фитнес тренер во 2019 замина од Вардар во редовите на Веспрем и го подготвуваше унгарскиот состав. 
По три години соработка, денеска унгарскиот клуб објави дека се разделуваат. На нејзиното место клубот ќе ангажира нејзин соработник кој во ракометот доаѓа од фудбалски води. Срѓан Жиројевиќ (40), фудбалски тренер на Слован Братислава, претхнодно на Газиентеп, Ц. Звезда итн. е новиот кондициски тренер на Веспрем. 
Физиотерапевт на Веспрем е Димитар Маневски кој исто така работеше во Вардар. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk